(Видео) Андоновиќ: Падна владата на косовскиот премиер Хоти, Косово оди на вонредни избори

Косовскиот Уставен суд ја прогласи Владата на Абдула Хоти за нелегитимна, откако го прифати барањето на опозициското Движење Самоопределување за прогласување за неважечки на еден од гласовите на пратениците за избор на владата на Абдулах Хоти и одлучи дека треба да се организираат вонредни парламентарни избори.

Вонредните избори, според одлуката на Судот, треба да се одржат во рок од 40 дена од нивното прогласување од страна на претседателот на Републиката, а во конкретната ситуација тоа треба да го стори вршителката на должноста на таа функција, Вјоса Османи, откако актуелниот претседател Хашим Тачи беше испорачан на судење во Хаг.

Претходно, политичките и правните претставници на опозициското ,,Самоопределување“ и на актуелната Влада ги изнесоа своите ставови во однос на легитимноста на гласот на пратеникот Етем Азири, кому владата на претходниот премиер Албин Курти му го оспори правото да биде пратеник, а со тоа и правото на глас за избор на новата влада. Иницијативата до Уставен суд ја поднесе токму Курти, а причината е тоа што за формирање на новата владата предводена од Хоти, гласал пратеникот Етем Арифи, кој лани во август бил правосилно осуден за измама на 1 година и 3 месеци затвор. Уставниот суд одлучи дека Азири немал право да гласа, а со оглед дека со неговиот глас кабинетот на Хоти го обезбеди минималното потребно мнозинство од 61 пратеници во 120-членото Собрание на Косово, со поништувњето на тој глас досегашната влада го изгуби легитимитетот.

Според Уставот на Косово, мандатот на пратеник се поништува ако тој е правосилно осуден на една или повеќе години затвор. Меѓутоа, и покрај тоа Арифи на 3 јуни годинава учествувал и гласал на седницата на косовскиот парламент за избор на владата на Хоти. Пратеникот, претходно во март гласал и за соборување на владата предводена од Курти.

Владата на Авдурахман Хоти беше избрана на 3 јуни годинава, откако претходно беше изгласана недоверба на владата на Албин Курти, кој ја водеше земјата во претходните четири месеци. Владата предводена од Албин Курти пак, падна во март годината откако коалицијата со Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа се растури бидејки Курти го разреши актуелниот министер за внатрешни работи кој беше од партијата на Мустафа. Двата коалициони парнери не се согласуваа и околу таксите кои ги воведе владата на Рамуш Харадинај кон Србија. САД бараа од владата на Курти наеднаш да ги укине, но тој не се согласуваше со тоа туку започна со постепено намалување. Партијата на Мустафа, пак, се залагаше да се испочитуваат испочитуваат барањата на САД. Сите овие несогласувања доведоа до тоа владата на политичарот со највисок рејтинг во Косово, Албин Курти да трае неполни два месеци, по чие разрешување, на 3 јуни на власт стапи на сила владата на Абдула Хоти.

Back to top button
Close