(ВИДЕО) Андоновиќ: По урнекот на минатото, Кина воведува задолжително емитување на пропаганден,,Журнал“

Со наредба на властите во Кина двапати неделно ќе се прикажуваат пропагандни филмови. Кинеската комунистичка партија донесе наредба низ цела Кина задолжително да започне да се почне со прикажување на пропагандни филмови, барем најмалку двапати неделно, за земјата во јули на соодветен начин да се подготви за прославата на 100-годишнината од Комунистичката партија.

Според известувањето објавено на веб-страницата на Националната филмска администрација, проекциите се наменети за да се создаде „одлична и топла атмосфера за прославата“.

До крајот на годината, филмовите што прикажуваат „љубов кон партијата, љубов кон земјата и љубов кон социјализмот“ треба да бидат прикажани во кината во „секоја провинција, регион и град“, а филмовите треба да ги опеваат пофалбите кон партијата, татковината, народот и нивните херои, Од Пекинг се наредува членовите на партијата, функционерите и другите гледачи ќе треба да се мобилизираат за да бидат сигурни дека проекциите ќе бидат добро посетени. Тоа, исто така, понуди рекламирање, попусти на билети и „други начини“ за обезбедување присуство на публиката.

Идејата на државната кинематографска акција е да се „оживеат класиците“ и „да се зачува патриотизмот и традиционалното револуционерно воспитување“. Првата серија од 12 филмови што се прикажат во текот на овој месец, а почнува со „Борба против северот и југот“ од 1952 година, филм за војната против Јапонија. На списокот објавен од државната телевизија е и „Црвениот одред на жените“ од 1960 година. Ќе се емитуваат и филмови од Корејската војна во која Кина учествуваше со испраќање бројни доброволци кои се бореа на страната на комунистичка Северна Кореја против, како што се наведува американскиот агресор.

Оваа одлука на Кина преставува одредено „ехо на минатото“ каде во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век Журналот или Филмските новости беа задолжителна кратка филсмка содржина која задолжително се емитуваше пред сите понудени филмски рпедстави из кината во комунистчките и социјалистичките држави во светот. Она што зачудува е и фактот дека Кина која денеска представува една од технолошки најразвиените држави во светот и држава која е една од трите светки воени еекономски и технолошки најнапредни држави, се обидува да ги врати своите граѓани во минатото и да подсети на нивнат комунистичка припадност, нешто што пред само 10 години се сметаше за ретроградно и социолошки назадно.

Back to top button
Close