ВИДЕО | Андоновиќ: Погребот на српскиот патријарх со нецелосни мерки за превенција од Ковид

И покрај апелите за зголемени мерки и растечкиот број на новозаразени во Србија, вчерашниот погреб на српскиот патријарх Иринеј во Белград помина со нецелосни мерки за заштита. На погребот присуствуваа голем број на верници како и црковниот и државниот врв на Србија.

Една од превентивните мерки беше контролата на бројот лицата кои влегуваат да му се поклонат на починатиот патријарх во црквата но според медиумските извештаи беа забележани многумина од верниците кои го бакнуваа стаклото на мртовечкиот ковчег во кој беа изложени посмртните останки на Иринеј.

Службите кои се грижеа за спроведување на здравствените мерки за време на погребот од минута во минута го дезифинцираа стаклото кое беше целивано од бројните верници кои се простуваа од нивниот духовен и црковен великодостојник. Сепак, беа забележани и примери како голем број од верниците се причестуваа од иста лажица.

Самите гости од државниот и црквениот врв во почеток носеа заштитни маски но телевизиските камери забележаа и како дел од нив, меѓу кој и српскиот претседател Вучиќ, подоцна ги симнаа заштитните маските. Сите овие настани оставаат сомнеж но и ризик за појава на нов кластер на зараза од Ковид. Се смета дека самиот српски патријарх Иринеј кој почина како последица од Ковид 19 најверојатно се инфицирал за време на погребот на митрополитот Амфилохије кој на 30 октомви годинава исто така почина како последица на коронавирусот.

На погребот не беа преземени никакви здарсвени мерки и протколи, а изложените посмртни останки на починатиот Амфилохије беа ставени во отворен ковчег од кого се простуваа бројните верници. Тогаш, експертите критукуваа дека не биле забазени здтсваените протоколи за починато од заразна болест.  Церемоноијата на погребот ја водеше патријархот Иринеј кој 4 дена по погребот и самиот се разболе од корнвирусот.

Некако во исто време, а во одвоени случај како резултат на коронавирусот почина и расчинетиот српски митрополит Артемије. Артемије кој синодот на СПЦ го расчини во 2010 година поради наводни финансиски проневери во Рашко- Призренската епархија на СПЦ. Беше погребан со минимални црковни обреди и далеку од медиумска и црковна јавност.

Back to top button
Close