(ВИДЕО) Андоновиќ: Се радикализираат „црвените линии“ во пресрет на средбата Бајден –Путин

Американскиот претседател Џо Бајден ја започна својата европска турнеја , со посета на Велика Британија, што е прво негово официјално патување во странство, откако е избран за претседател. Тој ќе приуствува на состанокот на Г-7. каде главна тема на Самитот да биде процесот на вакцинација, корона-кризата, трговијата и климатските промени.

Повеќе од извесно е дека патувањето во Европа повеќе има за цел да се испрати порака, отколку да се склучат конкретни договори. Експерти оценуваат дека негов главен приоритет ќе биде да ја убеди јавноста дека неговата политика не е само кратко отстапување од американската надворешна политика која ја водеше неговиот претходник Доналд Трамп, туку дека е истраен во плановите. Негова желба е да ги убеди европските сојузници да ја поддржат неговата стратегија околу сузбивање на коронавирусот, но и стратегијата на проверка на економските конкуренти како Кина.

Се очекува Бајден и останатите лидери од Г-7 да објават инфраструктурен финансиски план за развој кој е замислен како директен противник на кинескиот план „Појас и пат“. Што се однесува на средбата во Женева, тој се надева дека ќе успее да го убеди Путин да запре со „провокации“ како што се кибер напади, затворање на опозиционерот Алексеј Навални и новите обиди на Русија за мешање во американските избори.

Но оваа средба на Бајден и Путин преставува сериозен предизвик ако се земе во предвид дека се случува во врем на најлоши и најтензични однси меќу Вашингтон и Москва по „Студената војна“, која финиширашево осумдесетите години на минатиот век На оваа средба Бајден треба да го погледне во очи Путин, кого пред два месеци директно го нарече убиеец„ Од друга страна Путин треба да го објасни притварањето на опозционерот Навални и подршката која ја дава на Белорусија и престедателот Лукашенко кој е обвинет од западот дека спроведува диктатура. Дополнителна тензија предзвиква бегањето на некои од руските опозиционери од Русија, кои обвинуваат дека во пресрет на парламентарните избори во септември би моќеле да бидат уапсени доколку му се спротистават на актуелниот престедател Путин И додека се подгтовваат темите на разговори, меѓу кои е и пртиворот на НАвални, Москвскиот суд донесе пресуда со која организациите поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални треба да се сметаат за екстремистички, Таа одлука влегува во сила веднаш и тие организации се распуштени и мора да престанат да работат. Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за обвиненија што ги негира Како контра удар кон Москва доаѓа одлуката на Украина со која бројното руско население кое живее во Украина во регионите Доњецк и Луганск да го прогласи неавтохтоно население.То според оваа одлука значи дека Русите во Украина се доселенни па затоа и немаат никакви права за евентулно свое одделно управување со областите кои живеат. На оваа одлука реагираше рускиот рпестедател Путин кој оцени дека одлуката на Украина е провокација и кршење на меќународните правила и закони. Од друга страна ова практично значи зголемување на тензиите меѓу Мосва и Киев ако се зем во предвид дека русите од Украина одамна не ја почитуваат владата во Киев и тежнеат да ги отцепат регионите во кои живеат и да ги приклонат кон Русија. Ова сигурно ќе биде една од темите на БаЈден и Путин бидејќи Вашингтон се залага за влез на Украина во НАТО и ЕУ додека тоа Москва не го дозволува За тоа дали ќе се договорат или само ќе ги продлабочат разликите околу глобалните теми, Бајден и Путин ќе расправаат на 16 јуни во Женева.

Back to top button
Close