(ВИДЕО) Андоновиќ: Тивка војна меѓу големите – која вакцина против Ковид 19 е подобра
Поради рекордниот број на новозаболени и починати ,од денеска стапуваат на сила вонредните мерки донесени од српската влада за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Мерките првидуваат целосно затварање на услужните и угостителските објекти за време на викендот, додека преку недела нивното работно време ќе биде до 17 часот. Освен за угостителите, целосно затворени по 17 часот ќе бидат и фризерниците, теретаните, бутиците, базените. Практично овие дејности денеска ќе бидат затворени во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро.
Со овие мерки е предвидени продавниците за храна да работат секој ден до 21 часот, вклучувајќи ги и викендите. Непречено 24 часовно време останува за аптеките, бензинските пумпи и доставата на храна, кои можат да работат неограничено седум дена во неделата.
Инаку, вчера на седницата на Кризниот штаб било дискутирано и за воведување на задолжителен ПСР тест за сите Срби кои би дошле од странство за време на празниците, но ништо не било прецизирано по тоа прашање, но таа тема била оставена за следната седница на Кризниот штаб.
Во меѓувреме во Србија пристигнаа 20 пробни дози на руската вакцина Спутник 5 која во моментов се тестира на белградскиот институт Торлак, и која доколку го помине тестот, ќе биде достапна за употреба.
Српскиот претседател Вучиќ најави дека очекува во Србија за околу два месеца ќе пристигнат и други вакцини. Тој демантираше дека вакцинирањето ќе биде задолжително за сите граѓани велејки дека никој нема дa биде вакциниран против своја воља. Што се однесува до руските вакцини Вучиќ го повтори ставот дека воопшто не го интересира дали Брисел и ЕУ ќе се противат на намерите на Србија да набави руски или кинески вакцини.
-Сите вакацини кои ќе бидат пуштени во употреба се добри бидејќи во истражувањата и во призводството се вклучени најголемите и најсериозни светски фармацевски компании, смета српскиот претседател.
Во светот во моментов трае тивка војна меѓу големите држави со развиена фамацевска индустрија кои се во жестока трка за пуштање во употреба на вакцините против коронавирусот. САД Британија, Кина и Русија веќе најавија дека наскоро ќе шуштат во промет вакцина против коронавиурост и оја треба да ја сузбие 10 месечната глобална пандемија на инфекцијата. Борбата оди дотаму што американскопт ФБИ соопшти дека изминтиве денови успешно одбил серија хакерски напади преку кои хакерите сакале да ја оневозможат дстрибуцијата на американските вакцини.
ФБИ го штити нападнатиот систем на Светската здравстена организација за дистрибуција на вакцината против Ковид. претходно и американската Ај -Би –Ем соопшти дека е регстрирана серија на разузнавачки активности во обид да се соберат информации за иницијативата на СЗО за снабдување на државите во развивање на вакцината против коронавирусот.