(ВИДЕО) Андоновиќ: Ѓукановиќ ги обвини Москва и Белград дека ја користат СПЦ како последен адут

И покрај најавите , Црна гора не треба да размислува за одлагање на изборите, изјави црногорскиот претсдател Мило Ѓукановиќ . Оваа изјава Ѓукановиќ ја даде по повод најавите и расмилувања во јавноста дека е можно одлагање на редовни парламентарни избори во Црна гора закажани за 30 агуст, поради растечкиот број на заразени од коронавирусот.

Ѓукановиќ смета дека во наредните недели, здравстевните власти ќе го стават под контрола ширењето на заразата на коронавирусот и затоа, како што вели, нема простор за одлагање на изборите. Црна гора изминатиот период имаше растечки број на новозарзаени од коронавирусот, што ја стави прва на листата држави во Европа, на заразени по глава на жител. Ѓукановиќ ги коментираше и протестните литии, кои повеќе од три месеци дефилираат низ улиците на црногорските градови во знак на протест поради обидот на владата во Подогорица да го донесе на сила законот за слобода на вероисповест, а кој, Црнгороско-Приморската епархија, го протолкува како обид за одземање на имотот на СПЦ во Црна гора.

Протестните литии, Ѓукановиќ ги оцени како последен адут на Белград и Москва кои преку СПЦ сакаат да направат од Црна гора упориште за руско влијание на Балканот. Српската православна Црква е последниот адут на Москва и Белград за да се обидат да го повторат она што пред 4 години се обидоа а не успеаа, изјави Ѓукановиќ алудирајки на настаните кои се случија во пресрет на минатите парламентарни избори, кога беше оневозможен обид за државен удар врз влстите во Подгорица, од страна на безбедносно-разунзвачките структури на Србија.

Тогаш Белград беше обвинет дека по налог на Москва се обидува да го оневозможи влезот на Црна гора во НАТО. Ѓукановиќ смета дека Црногорската црква е нова реалност. Тој оцени дека во историјата Црногорската црква исчезнала кога престанала да постои и Црногорската држава. Со обновувањето на државноста на Црна гора во 2006 година логично е и црквата да ја врати својата афтокефалност и да ги обедини сите православни верници во земјата, вели Ѓукановиќ

Back to top button
Close