ВИДЕО | Јаневска: Новиот министер за образование треба итно да направи ревизии

Весна Јаневска, Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ / Утрински брифинг

-Ние официјално побаравме да се одложи распустот на учениците за две недели. Прво за да ги заштитиме учениците заради нивното здравје, да ги заштитиме нивните семјества, да го растеретиме здравствениот систем, да функционира полежерно во овие тешки денови, вели Весна Јаневска од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ за Утрински брифинг.

-Имам впечаток дека Комисијата за заразни болести кога одлучи да не се одложува распустот, не мислеше многу сериозно на здравјето на младите, но не мислеше ни на енергетската криза. Затоа мислам дека Владата одлучи заради енергетската криза, не толку заради здравјето на децата да го одложи распустот. Но добро е и заради едното и заради другото, вели таа.

-Ако училиштата се ладни децата не можат да учат и можеби нема да довијат омикрон, но воспаление на белите дробови сигурно ќе добијат, особено затоа што уште важат оние препораки дека треба да се работи со отворени прозори, додава таа.

-Со одложувањето прво би ги заштитиле децата од студот, а државата нема средства и ќе овозможи заштита и се надевам дека две недели не се малку за новата Влада да изнајде начин како да го реши проблемот и со парното греење и со другот греење во училиштата. Општините се оставени во долгови, но и во првото полугодие имаше проблем со греењето, вели за Утрински брифинг Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close