(ВИДЕО) Јанкулоска стигна во Идризово, најмалку 15 дена ќе биде во карантин поради протоколот за Ковид-19

Гордана Јанкулоска, спроведена во затворот Идризово каде треба да одлежи затворска казна од 4 години, за случајот „Тенк“. Одлуката за извршување на казната за екс министерката следува откако беше одбиено барањето за вонредно испитување на одлуката на скопска апелација за случајот со незаконската набавка на мерцедесот во износ од 600 илјади евра.

Од затворот идризово велат дека согласно протоколите за прием, но и за коронавирус, Јанкулоска ќе биде најмалку 15 дена во карантинско одделение. Во тој период, ќе се направи безбедноста проценка и ќе се утврди дали за неа ќе бидат потребни посебни мерки…

„За неколку дена ќе помине тестот за проценка на ризик , таа сега нема контакт со други затвореници. Тестот ќе покаже од што е ризикот за ова лице и дополнително ќе бидат преземени сите мерки што се потребни за нејзина заѓтоита. Точно детектира што може да биде ризикот кај секое осудено лице. Претпоставувам дека и тука ќе излезе така дека треба посебни мерки за безбедност.“ – изјави Ацо Донев – директор на КПУ Идризово за ТВ24.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Јанкуловска е жртва на прогон и политичка пресметка и дека завршила во затвор за автомобилот кој го користи Зоран Заев. Од опозицијата велат дека додека власта се пресметува со своите противници, се уште нема разрешница на случаите во кои се поврзани првите луѓе од владеаќката партија.

„Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата сеуште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев.“ – велат од партијата.

Покрај Јанкуловска, во овој предметот за виновни се прогласени Ѓоко Поповски, кој веќе ја извршува казната и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија и кој е осуден на две години затвор.

Против поранешната министерка за внатрешни во Кривичниот суд има уште два други предмети, „Таргет – Тврдина“ и „Титаник“, кои се однесуваат на злоупотреба на службената должност.

Јанкулоска спроведена во Идризово, ќе се прават проценки дали има ризик по безбедноста

Екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево е спроведена во затворот Идризово, потврди за тв 24 директорот на Идризово, Ацо Донев.

Телевизија 24 发布于 2020年9月28日周一

Back to top button
Close