ВИДЕО: Апасиев со велосипед пристигна во Собранието

Претедателот на партијата Левица и нов пратеник денеска со велосипед пристигна во Собранието.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/videos/335672320936265/

„Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом!

Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува! 🇲🇰

ПС Како што најавивме, нашите пратеници пристигнаа во Собранието со велосипед <3“, пишуваат од Левица на Фејсбук.

Back to top button
Close