Видео: Аплауз и овации за Заев на Конгрес на Сириза

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, во друштво на поранешниот министер за здравство и потпретседател на СДСМ Венко Филипче, присуствуваа на Конгрес на грчката опозициска партија Сириза на чело со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

-Кога никој не веруваше и сите беа скептици, јас и Заев бевме визионери и им пркосевме на сите стереотипи, успевајќи од два непријателски да направиме пријателски народи – рече Ципрас говорејќи за Заев, што беше поздравено со аплауз и овации од присутните.

 

Меѓу нив беше и поранешниот министер за надворешни работи во владата на Ципрас, Никос Коѕијас, во чие време впрочем се склучи Преспанскиот договор, со кој се промени уставното име на земјава, но со овој договор се обезбеди и членство во НАТО.

 

 

 

 

Back to top button
Close