(Видео) Арсовска- Нели ви е срам да се однесувате како државата да е ваша. Што им должите на Изет и Висар?

Нели ви е срам да се однесувате како државата да е Ваша?
Немате минимум достоинство да признаете дека сте неспособни и исплашени од криминалците на ВЛЕН кои ви се во Влада.
Денес, наместо да го приведете Висар Ганиу и Изет Меџити за 150 дивоградби и криминал со милионски суми, вие се одмаздувате на Раководителот на сектор Ивана која вчера ја објавив како појаснува колкава опасност се предизвикува со ВАШИТЕ ДИВОГРАДБИ И КРИМИНАЛИ!
Што ви смета Ивана? Тоа што ви кажа дека сте довеле илјадници граѓани во опасност по живот? Што продавате станови кои утре можат да бидат комори на смрт?
Што им должите на Висар и на Изет, мачиња од ДПМНЕ?
Не смеете да чепнете таму па кревате чалам и се силите на жени!!!
Срам да ви е…вие никаква правда нема да донесете, само ќе крадете, а полицијата и обвинителството сте ги впрегнале да ве бранат и вас, Висар Вики Ганиу и Изет меџити
Наместо да ги приведете Висар Ганиу и Изет Меџити, кои се обвинети за повеќе од 150 дивоградби и милионски криминал, вие се одмаздувате на раководителот на сектор Ивана, која јавно предупреди за опасностите што ги предизвикуваат овие дивоградба – рече Арсовска.
Таа додава дека наместо правда, институциите се користат како алатка за заштита на криминалните фигури.
-Што ви смета Ивана? Тоа што кажа дека илјадници граѓани се доведени во опасност по живот? Што продавате станови кои можат да станат комори на смрт? Што им должите на Висар и Изет – мачиња од ДПМНЕ? Не смеете да ги допрете, па се одмаздувате и ги малтретирате оние што го кажуваат вистинското – рече Арсовска.
Видеото на следниот линк