(ВИДЕО) Арсовска откри нова незаконски легализирана градба и се обрати до Ганиу: Ти си лопов и криминалчуга, те чекам на главна каса

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска откри нова, незаконски легализирана изградена зграда во Чаир.

 

 

Таа нагласи дека во 10 скопски општини не се градат незаконски згради, а тоа единствено се случува во Чаир. Притоа Арсовска на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му порача „Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат при легализација“.

Биди маж и дојди,тука сум те чекам, немој да ми се закануваш мене и на мојата фамилија не ти се плашам,дојдо во очи да ти кажам со докази дека си криминалец му се обрати Арсовска на Ганиу и ги опомена како што рече ботовите на Влен да престанат да и се закануваат со смс пораки и да не бранеле криминалец.

„Си извршил легализации спротивно од закон, да објасниш како си ги впишал во Катастар, а од Град Скопје сите твои барања се одбиени. Ти си поднесувал фалсификувани одобренија од Град Скопје до Катастар, криминалецу, што цело време ми се закануваш. Ниту една ваква дивоградба нема во ниту една скопска општина, само Чаир вака си легализира со фалсификувани документи. Ти си лопов и криминалчуга. Дојди на главна каса, те чакам. Викаш оваа зграда се изградила во 2011 во фалсификуваните документи, а таа уште се гради“, рече Арсовска

Back to top button
Close