ВИДЕО | Арсовски и Муслиу: Предвремени избори им одговараат и на власта и на опозицијата

За оние кои следат избори во Македонија, резултатот од локалните избори не е изненадувачки. На оваа тема во „Утрински брифинг“ разговаравме со аналитичарите Петар Арсовски и Алберт Муслиу.

– Трендовите кои се појавуваат во првиот круг се зајакнуваат во вториот круг. Повикот на Заев за мобилизација или ќе си поднесе оставка го мобилизира неговото гласачко тело, но и гласачкото тело на опозицијата кое посакуваше оставка на Заев, вели Арсовски.

– Треба да видиме што ќе се случува понатаму. Заев е против предвремени парламентарни избори, а Мицкоски е за. Опции има повеќе, вели Арсовски.

– Сите навлегоа во изборен филм и ги исклучија работите кои што следуваат во следниот период. Ние сме пред портите на ЕУ и можевме да велземе во декември. И на Заев и на СДСМ би им одговарало да одат на предвремени избори и да ги стабилизираат работите. Бројките сепак не се драматични, иако Скопје го загубија, вели за „Утрински брифинг“ Алберт Муслиу.

– Брзи избори значат помала загуба. Но, кај нас не постојат брзи избори, а и опозицијата не би прифатила такво нешто. Парадоксално, и на власта и на опозицијата им одговараат избори, само што треба да се почека што ќе се случува со ЕУ во следните месеци, вели Арсовски.

– Јас не верувам дека сега во СДСМ има некој кој би ги решавал тешките прашања сега кога Заев си поднесе оставка, вели Муслиу за „Утрински брифинг“.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

Back to top button
Close