(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Дали е вистина дека имате приближни ставови со ДУИ за влада и дали е договорено нешто за премиерското место?

Дали црвените линии на Ахмети се целосно прифаќање на Преспанскиот, Охридскиот и договорот со Бугарија, дали ова се прифатливи услови за ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ како што можевте да видите и вчера низ медиумите каде што имав одговор на прашање, работи на формирање на парламентарно мнозинство и информации од непотврдени и неидентификувани извори ниту ги потврдуваме ниту ги демантираме. Гледаме дека СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што впрочем не е ништо ново за нив изминативе три години. Така да може слободно да одговорат со кого формирале и детали околу парламентарното мнозинство.

Back to top button
Close