(ВИДЕО) Арсовски за ТВ Телма: На долг рок ќе има борба за превласт во ВМРО ДПМНЕ

Политичката цена ќе биде на краток рок, но на долг рок ќе има борба за превласт во ВМРО ДПМНЕ за тоа кој го има печатот, околу кое традиционално се консолидира членството“. Овој став го искажа политичкиот аналитичар Петар Арсовски во вечерашното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма околу актуелните преписки на актуелниот и поранешниот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Аналитичарот Арсовски е согласен дека власта ќе разговара со сите и со секој за да ги направи уставните измени, но смета дека Мицкоски доцна влегува во расправија со Груевски, посебно ако знаел подолго време дека власта преговара и со екс лидерот. За тоа дали е вистинскиот момент кој го избира Мицкоски за тоа да го прикаже во јавноста или пак е прерано, аналитичарот Арсовски вели дека не е прерано, ако изборите се на пролет, што би им дало време во партијата да ја расчистат ситуацијата.

„Но, она што мене ми е поинтересно е наративот кој го има во партијата дека „ние никогаш не сме разговарале за уставни измени“ – тоа не е така. Очигледно имало два процеса, еден кулминираше со Мицкоски кој по лидерската средба самиот кажа дека постојат услови под кои би ги поддржале уставните измени, и овој вториот кој сега се открива. Да не се налутил Мицкоски затоа што главните прегови не се одвиваат со него ? Не е голема тајна дека власта преговараше и со Мицкоски за уставните измени, инаку не  можам да си објаснам зошто Мицкоски ако знаел за Груевски, не кажал толку долго време?“ , прашува Арсовски во Вин Вин.

Back to top button
Close