(ВИДЕО) Атина ја следи ситуацијата во Скопје, во игра е можна блокада ако Преспа не се спроведува доследно

Во екот на случувањата на домашната политичка сцена кои ги иницираше најавата на Зоран Заев за оставка од премиерската и лидерската функција во СДСМ, вестите кои доаѓаат од Грција како да паѓаат во втор план. Но, информациите од Атина воопшто не се наивни за да бидат третирани како второстепени во однос на развојот на ситуацијата во земјава. Победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, постизборната реторика и чекорите што следеа – потпишување на свечени советнички изјави на кои наместо уставното стои поранешното име Република Македонија, нејасните изјави за Преспанскиот договор и неговото имплементирање, го вклучија црвеното светло во врвот на грчката влада. Атина не крие дека не е задоволна од случувањата во земјава кои тамошни одредени политички кругови веќе ги толкуваат како сигнал дека Грција треба да заземе поцврст став. Првата порака ја прати алтернативниот министер за надворешни работи, Милтиадис Варвициотис, велејќи дека „враќањето на една националистичка реторика во суштина ќе нѐ одведе до редефинирање на нашата национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ“. Професорот на Универзитетот „Македонија“ и член на влијателната тинк-тенк група ЕЛИАМЕП, Јанис Армаколас, за „360 степени“ ја објаснувава ситуацијата во Грција и потенцијалните механизми кои грчката влада може да ги искористи во наредниот период.

Дали постои интерес во грчката јавност за последните политички случувања во Северна Македонија?

„Да, во последните неколку дена има голем интерес во јавноста – грчките медиуми одблиску ги следат настаните во Северна Македонија и морам да кажам дека и противниците на Договорот од Преспа, во медиумите и политичари кои ја критикуваат владата, ја користат оваа можност да го актуелизираат прашањето за Грција да се повлече од Договорот или да го поништи Договорот. Што значи дека оваа политичка криза во Северна Македонија е можност за нив – вели професорот Армаколас.

Повеќе

 

Back to top button
Close