(Видео) Автобус се судри со автомобил: Познати идентитетите на трите жртви
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник.
-Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот Т.И (59) и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.
Надзорна камера ја снимила несреќата на автопатот Тетово-Скопје каде загинаа три лица, а од која се гледа како автомобилот, со нагло свртување на лево, влегувајќи во спротивна насока на движење, се судира со автобус објави скопје1 мк