(ВИДЕО) Автомобил излетал од патот и удрил три деца во Германија, едно дете загина, друго е во критична состојба

Во германскиот град Динслакен се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина едно дете, додека друго се бори за живот, откако автомобил удрил во група деца во близина на училиште.

Според информациите од полицијата, 47-годишна жена изгубила контрола над автомобилот, излетала од коловозот и удрила тројца 12-годишници кои се движеле со велосипеди, најверојатно на пат кон училиште.

Од силината на ударот, две деца се здобиле со тешки повреди опасни по живот. Едното од нив починало кратко по приемот во болница, додека третото дете поминало со полесни повреди.

Несреќата се случила рано утрото, околу 7:45 часот. По ударот во децата, возилото продолжило да се движи и удрило во неколку паркирани автомобили, при што биле оштетени уште три возила.

https://youtu.be/EgDtYEMvYkc?si=gOPFXstk4G2wCeeX

И жената се здобила со тешки повреди и со возило на Итната помош била пренесена во болница.

Полициски портпарол изјавил дека жената сè уште не можела да биде сослушана поради нејзината здравствена состојба, па причините за несреќата засега не се познати.

Првата пријава за трагедијата ја испратил сообраќаен полицаец кој во моментот регулирал сообраќај на блиската раскрсница.

На местото на несреќата останале расфрлани делови од уништениот автомобил, оштетени велосипеди, детски чевли, училишни ранци и тетратки.

Северна Рајна-Вестфалија е најнаселената германска покраина, а во близина на Динслакен се наоѓаат градовите Дуизбург, Дизелдорф и Дортмунд

Back to top button
Close