(ВИДЕО) Автомобил влета во портите на Бакингемската палата, возачот е уапсен

Возач е уапсен откако со својот автомобил удрил во портите на Бакингемската палата, пренесоа британските медиуми.

На снимката објавена од „Индепендент“ се гледа како полицајците го опкружуваат возачот, кој е на колена, извикувајќи му „држи ги рацете на глава!“.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение дека предизвикало штета.

Еден сведок изјавил дека инцидентот се случил синоќа околу 02:30 часот и дека слушнал силен тресок

Back to top button
Close