(ВИДЕО) Азизи: Мицкоски е подготвен за официјализирање на албанскиот јазик – не е националистички оптоварен
Во емисијата „Дијалог кај Лајм“, Азизи рече дека премиерот Мицкоски нема националистички оптоварувања и дека е подготвен за официјализирање на албанскиот јазик.
„Има решение што ги помирува двете заедници и за прашањето за симболите, и за прашањето за химната и за официјализирање на албанскиот јазик, за што да бидам искрен, Мицкоски има подготвеност, не е националистички оптоварен и тој е премиер кој рационално пристапува кон темите и го чекаме моментот овие теми да не ги наследат другите генерации. Во нашиот мандат ќе се реши прашањето за албанскиот јазик, химната, грбот и сите други симболи“, рече пратеникот Аднан Азизи во емисијата „Дијалог кај Лајм“.