Видео Бајден се прекрсти кога го спомна Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува на сметка на неговиот претходник, Доналд Трамп, прекрстувајќи се кога го спомна неговото име, како да зборува за ѓаволот.

За време на неговиот говор во поддршка на гувернерот за Калифорнија, Гевин Њусом, кој се бори против отповикување, Бајден го спомна и Трамп, споредувајќи го кандидатот на републиканците за калифорниски гувернер со поранешниот претседател.

Радиоводителот Лери Елдер, кој е афроамериканец, може да го наследи Њусом на гувернерската функција, доколку помине актуелната иницијатива за отповикување.

„Тој е клон на Трамп. Можете ли да замислите тој да ви биде гувернер? Не смееме да дозволиме тоа да се случи“, рече Бајден во обраќањето до приврзаниците.

Back to top button
Close