(Видео) Бегство од смогот: Скопјани масовно на Водно – долу „отров“ и сивило, горе сонце и чист воздух

Додека скопската котлина се гуши во магла и загаден воздух, на само неколку километри погоре сликата е сосема поинаква. Илјадници скопјани и денеска го искористија неработниот ден за да побараат спас на Водно.
Поради температурната инверзија, додека градот е „окован“ во сивило и студ со видливост од само 200 метри, на Средно Водно и кај Милениумскиот крст грее сонце, а воздухот е чист.
Очекувано, патиштата кон Водно се преполни.
Сообраќај: Се бележи зголемена фреквенција на возила кон Средно Водно, а паркинзите се веќе полни.
Жичница: Голем број граѓани чекаат ред за жичницата за да се искачат до самиот врв, каде што погледот кон „морето од магла“ под кое се наоѓа Скопје е највпечатлив.
Ова е единствениот начин за жителите на главниот град барем на неколку часа да ги наполнат белите дробови со кислород, откако утрово Скопје се најде на врвот на листата најзагадени градови во Европа.
Извор: 4news.mk






