(Видео) Белград врие: Илјадници студенти и граѓани на улица против Вучиќ


Студентското движење во Србија денеска го започна големиот протестен собир во Белград под слоганот „Студентите победуваат“, со јасна порака:барање за предвремени парламентарни избори и демократизација на државата. Илјадници граѓани од повеќе српски градови уште од пладневните часови се собираат на улиците на српската престолнина, а централниот протест е најавен на плоштадот Славија од 18 до 20 часот.

Колони студенти и граѓани од Шабац, Кула и други градови веќе пристигнаа во Белград, носејќи транспаренти и пораки против власта на српскиот претседател Александар Вучиќ.Дел од демонстрантите порачаа дека „Србија не смее повеќе да живее во страв и притисоци“.

Во исто време, во таканаречениот „Ќациленд“ кај Пионерскиот парк, се организира контрасобир на поддржувачите на владејачката Српска напредна странка. Според српските медиуми, во околината биле забележани и мажи со маски и калулки на кровот на зградата на Народната банка на Србија, што дополнително ја подгреа тензијата пред вечерашниот протест.

Дополнителен сомнеж и револт во јавноста предизвика и одлуката за прекин на железничкиот сообраќај низ Србија, откако, според официјалното соопштение, била добиена анонимна дојава за поставени експлозивни направи во возови и депоа. Опозициски претставници и дел од студентите се сомневаат дека станува збор за обид да се намали масовноста на протестот.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close