(Видео) БЕЗ ПЛАТА НЕМА РАБОТА! Протести на вработените во Пошта низ цела држава!

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во цела држава поради тоа што платата, иако е 23 јануари, се уште не им е исплатена.
Претседателот на Синдикатот во Македонски пошти денеска заедно со вработените нагласи дека протестите ќе траат додека платата не биде исплатена, а менаџментот ќе биде известен дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, веднаш ќе се започне со протест, а не е исклучен и штрајк на сите вработени.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов нагласи дека нема работа без плата и дека луѓе блиски до раководството на Пошта им се заканувале на вработените да не излегуваат на протест.
Вработените нагласија дека работат во мизерни услови, со азбестен крво, во простории без греење и основни услови за работа. На видеото погоре можете да ги видите кадрите кои камерата на Инфомакс ги сними од условите во зградата на Пошта, кои се повеќе од катастрофални.
Овој протест не е само во Скопје, вработените во сите градови се пред зградите на Македонска Пошта и протестираат за да добијат плата.






