(Видео) Брнз: Итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното СЈО

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21 истакна дека итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство.

„Сметам дека искуството и особено тоа што уште има случаи од поранешното СЈО кои се во системот, покажува дека луѓето сакаат правда. Сакаат случаите да поминат низ системот, да бидат обработени од способни професионалци, без политичко мешање и со конечно решение со кое ќе се одреди одговорноста за криминалот што ќе се докаже дека бил извршен“, вели Кејт Мери Брнз.

Таа додава дека увиделе дека итно мора да се завршат случаите од поранешната канцеларија на Специјалниот јавен обвинител, да се обработат во системот и да се види правда во тие случаи.

„Исто така видовме, според подоцнежниот закон за јавното обвинителство, дека има потреба да се разгледаат процесите и да согледаме како се управува со позициите и со процесите за да бидеме сигурни дека случаите ќе се придвижат низ системот без политички влијанија. Сѐ уште сме соочени со тежок предизвик, ама има многу луѓе кои се фокусирани и сакаат да го направат системот функционален“, порача Кејт Мери Брнз во ексклузивно интервју.

 

Back to top button
Close