ВИДЕО: Бројни критики за идејата на ДУИ за премиер

Инфантилна и несериозна. Вака поранешниот политички затвореник, Шпетим Положани ја оцени идејата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за првиот премиер Албанец во Македонија. Според него, Ахмети кој со години не е фактор за консензус меѓу Албанците, уште помалку ќе најде кај Македонците поддршка за таков став.

„Ова е инфантилна и многу несериозна изјава. Пред да се каже такво нешто, потребен е консензус меѓу Албанците, а потоа да се даде таква изјава. Но, ова не држи вода ако се земат во предвид односите на партиите на Албанците едни со други“, вели Шпетим Положани, претседател на Здружението на политички затвореници.

Аналитичарот Арсим Синани оцени дека идејата на Ахмети е чудна и обид за спас.

„Оваа идеја е колку да се преживее политички затоа што на тој начин мисли дека ќе може да се спаси и да освои уште еден мандат. Не верувам дека Ахмети во својата кариера ќе доживее премиер Албанец затоа што мислам дека тој наскоро ќе замине во пензија. Тоа ќе му го забрза и Ковид 19 затоа што граѓаните видоа дека тој не е способен на граѓаните да им гарантира ниту здравје“, вели Синани.

Идејата на ДУИ за премиер Албанец беше објавена вчера, на 18 – годишнината на партијата. Партијата на Ахмети и денеска продолжи со вакво промовирање. Партнерот во владејачката коалиција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предупреди дека ако ова е услов на ДУИ за следната извршна власт, тогаш интегративците ќе останат надвор од владата.

Извор: Aлсат

Back to top button
Close