Видео: Бујар Османи му дава прва помош на повреден велосипедист по сообраќајка во Скопје
Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес се нашол на лице место по сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, во која велосипедист бил удрен од автомобил.
како Османи, заедно со уште неколку други граѓани, му дава прва помош на повредениот велосипедист додека да пристигне екипата на Итната медицинска помош. Османи и останатите се обидуваат да го стабилизираат мажот, кој лежи на коловозот.
Инцидентот се случил во текот на попладневните часови, во близина на фреквентна раскрсница. Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту за здравствената состојба на повредениот велосипедист.
Од тимот на Османи не беше дадена официјална изјава, но од снимката е јасно дека тој веднаш пристапил да помогне.
https://www.instagram.com/reel/DOQ0ObWgQ0b/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading