Видео Бугарските обвинители со нови детали за несреќата: Откриени можните причини зошто пожарот брзо се разгорел

Познати се причините за пожарот во автобусот со македонски туристи кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ.

Маринов не сакаше да ја открие причината за пожарот и рече дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе вчера повторно извршиле голема проверка на автобусот. Тој додава дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен.

Можете да замислите какво триење и искри имало, коментира Михаилов.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на „ремонт“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и дека допрва треба да се разјасни дали новата опрема е „нефабричка“.

– Теориите на заговор кои кружат во јавноста се неточни, рече обвинителот Михаилов.

Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисевите направени на остатоците од автобусот.

Нема докази за канти со бензин, а теориите за шверц на „материјали за дрога“ се „смешни што не заслужуваат коментар“, рече обвинителот.

Истражителот Маринов истакна дека имало цевки за нафта за напојување на системот за греење на автобусот, но тие останале незафатени од пожарот. Моторот на автобусот, исто така, работи и сега може да се запали и да работи непречено.

Нивното целосно гостување во емисијата „Лице в лице“ погледнете го тука.

Back to top button
Close