(Видео) Царовска: Ќе имаме втор повик за откуп на учебници за следната година

 

Во моментов сме во консултација со повеќе институции кои се во рамки на Министерството и се надлежни за ова прашање, но и со надворешни институции со цел да стигнеме до заштита на јавниот интерес, но и формирање на реална цена, вели Царовска

Министерството за образование и наука ќе го повтори обидот за откуп на учебниците за следната година, со цел да бидат запазени сите процедури кои ќе доведат до формирање на реална цена на учебниците со што транспарентно и домаќински ќе се трошат јавните пари, но и да не се направи штета на компаниите.

Министерката за образование, Мила Царовска, во вечерашната дебата на „360 степени“ зборуваше за откупот на учебници за следната учебна година откако првичните преговори со „Арс Ламина“ и „Арбериа Дизајн“ пропаднаа поради тоа што двете издавачки куќи не доставија договори за поседување на авторски права за учебниците, на што инсистираше Министерството.

„Дали ќе стигнеме до откуп ќе зависи од тоа како целата процедура понатаму ќе се одвива. Во моментов сме во консултација со повеќе институции кои се во рамки на Министерството и се надлежни за ова прашање, но и со надворешни институции со цел да стигнеме до заштита на јавниот интерес, но и формирање на реална цена“,вели Царовска.

360 степени“ откри примери дека има ралзика во откупните цени на учебниците, односно дека на државата во случајов на Министерството за образование и наука му се продавале учебници по речиси двојна сума, отколку што изнесуваат тие во слободна продажаба во книжарниците. Царовска вели дека Законот утврдува дека тоа не смее да се случува и сега за овој случај постапуваат и Проствениот и Пазарниот инспекторат.

Во различни сегменти од постапката постапуваат различни инспекторати, односно Просветниот и Пазарниот инспекторат. Согласно увидите што ги имаше во вашата емисија испратени се дописи и во овој случај се постапува…Откако ќе добиеме информации ќе знаеме како да постапиме по ова прашање“,вели Царовска.

Back to top button
Close