ВИДЕО: Четири метри високо цунами во Камчатка

Утрово полуостровот Камчатка, на крајниот исток од Русија, беше погоден од силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Ројтерс. Како резултат на потресот, формирано е цунами со бранови високи и до четири метри.

Веднаш беа активирани мерки за заштита, при што властите на Русија прогласија вонредна состојба во Севернокурилскиот регион. Евакуации беа издадени и на Хаваи и други делови од Пацификот, поради потенцијалната закана од цунами.

Според руските медиуми, ова е најсилниот земјотрес во регионот по катастрофалниот земјотрес во 1952 година. Градот Северо-Курилск бил делумно поплавен, но, според Министерството за здравство на Камчатка, сите повредени се згрижени и нема тешки случаи.

 

Во следните часови беа регистрирани уште триесет земјотреси со магнитуда меѓу 2 и 5 степени, а сеизмолозите предупредуваат дека постои ризик од нови потреси во наредниот месец.

Поради случувањата, нуклеарната централа Фукушима во Јапонија, која беше сериозно оштетена во цунамито во 2011 година, привремено престана со испуштање на третирана радиоактивна вода во Тихиот Океан.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close