(Видео) Црвенковски: Бугарија сака да го добие тоа што не успеа со војните минатиот век

 

Бугарија сака денес да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни, оцени поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски во обраќањето на Форумот за западен Балкан во Сараево.

– Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна од 41-45-та со оружје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на вето за носење одлуки. Мене ставот на Бугарија ми е потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ – изјави Црвенковски.

Тој жестоко реагираше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев кој ги повтори познатата тези за македонскиот народ и јазик како Титова творба.

– Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа неслучајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене коишто биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин. Значи никој, јас барем никого не знам, нема успеано во историјата на вештачки начин да креира нова нација. Имало обиди, но ниту еден успешен – изјави Црвенковски.

Back to top button
Close