(ВИДЕО) Цветковска за “10 Минути” : Пријави пристигнуваат и за други приватни и државни клиники

Во јавноста одекна документарецот насловен „Нечиста крв“, објавен од страна на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) и МРТВ.

Се работи за документарец во кој се претставени судбини на семејства кои во екот на ковид пандемијата се лекувале во една од најголемите приватни клиники во Македонија.

Во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 Сашка Цветковска, која е дел од новинарите кои го истражувале овој случај посочи дека има над 100-тина пријави, пратени само од граѓани од Македонија и Косово кои пак споделиле исти, идентични и слични искуства.

Иако најголем дел од пријавите се однесуваат на оваа клиника, морам да напоменам дека стигаат пријави и за други приватни, како и државни клиники“, посочи Сашка Цветковска.

Back to top button
Close