(ВИДЕО) Д-р Митов: Водењето здрав живот како клучен фактор и во превенцијата од деменција

Деменција е состојба која измачува многумина од повозрасната категорија на луѓе. Нормално е со текот на стареењето да опаѓа когнитивниот капацитет, но деменцијата не е тоа.

Со поимот деменција се опишуваат збир од знаци/симптоми што се предизвикани од нарушувања што го засегаат мозокот. Тоа не е некоја точно одредена болест. Деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат секојдневните работи.

-Имаме толку предрасуди во нашето општество поврзани со зголемувањето на возраста, едно од нив е дека мора да се покачи крвниот притисок, а апсолутно не мора, втората е дека мора да дојде до одреден пад на когнитивните способности. Може да биде минимален, но немора да биде драматичен и ни од далеку тоа не е дел од природниот начин на стареење. Деменцијата е јасен ентитет кој што опфаќа повеќе медицнски термини во себе, но кристално јасно е дека не станува збор за природниот процес на стареење. Значи човек треба на длабока возраст бистар да си отиде, така сме дизајнирани, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Дефиницијата за деменција вели дека тоа е хронична и прогресивна состојба. Преведено од медицински речник тоа значи дека нема лек и дека постојано треба да се влошува. За жал, дефинитивно утврден третман во моментот и во светот и кај нас нема, а нема и терапија која со сигурност може да доведе до пролонгирање и забавување на тој процес. Тоа што од 2017 посебно ги возбуди научните е дека излегоа низа на научни студии каде што кристално се стави акцент на начинот на живот кај тие пациенти. Дури и во однос на тоа кога ќе се појави, но дури и откако ќе се појави се чини дека има и некакво влијание на самата болест, вели Д-р Митов.

Генетиката е важна за нашето здравје. Ако играме карти и некој ви подели карти. Едната карта е генетиката, другата е едукацијата на родителите кое има големо влијание врз здравјето на следните генерации. Тука се економските услови, еколошките услови и тие се тие карти кои ние ги држиме од старт. Како ќе играме со нив, тоа е животниот стил, изјави Д-р Митов и додава дека ако човек е свесен дека во себе ја држи картата за не баш пријатни генетски предодредености, тоа би требало да го направи малку повеќе свесен и проактивен во однос на животниот стил.

Целиот разговор со Д-р Митов погледнете го во видеото:

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close