ВИДЕО | д-р Софијанова: Заканите вознемируваат, ама професионалците си ја работат работата

Првпат ми се случува да сум просто запрепастена, бидејќи сепак сметав дека сме созреале повеќе во однос на таквиот тип на критики коишто го дожиеав од една апсолутно коректна изјава за Слободен печат, во која ниту барам, ниту кажувам дека ние треба да ги вакцинираме децата од од пет до 11 години, туку дека тоа е дел од нашите присуства на таквите вебинари каде што се дебатира од страна на луѓе кои имаат искуство на таа тема и кои тоа го применуваат во сопствените држави, од типот на САД, Велика Британија, Израел, вели д-р Аспазија Софијанова за Утрински брифинг.

-Кога се појави омикронот јас бев во Израел на средба за една тематика за менаџирање во здравствените системи во криза и имав прилика да видам како тој систем таму функционира, кога ќе се најде во одредена ситуација, каде се појавува некоја непознаница од типот на омикрон, вели таа.

-Од 12 јануари на ниво на Интернационалните педијатриски асоцијации и Европската академија на педијатри препорачува вакцинација, бидејќи се смета дека децата може да бидат една категорија кај којашто се случуваат мутациите и појавата на варијациите да доаѓаат токму од нив, вели д-р Софијанова.

-Мојата изјава не одеше во правец дека ние треба како политика во државата веднаш да го спроведеме. Тоа беше буквално што светот прави и на база на тоа се дигнаа толку многу луѓе и направија тоа што направија, изјави за Утрински брифинг директорката на Клиниката за детски болести проф. Д-р Аспазија Софијанова.

-Имате секакви луѓе. Идејата на некои од нив да тотално без никаква основа дебатираат и коментираат нешто, ниту имаат било каков бекграунд на таа основа, дел се и со лажни профили, каде е цензурата на сето тоа. Мене нема да ме замолчат, вели д-р Софијанова.

 

Back to top button
Close