Видео: Д-р Сопронов: Криминалците користат софицистицирана опрема, нема врата која не може да се отвори

Ако во екот на ковид пандемијата, граѓаните принудно седеа во своите домови, со раздвижувањето се активираа и крадците и разбојниците, па полицијата има полни раце работа со откривањето на сторителите на кражби, тешки кражби и разбојништва.

-МВР на Република Северна Македонија, Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција, поточно Единицата за имотни деликти и насилен криминалитет, преземаат мерки и активности во врска со сузбивање на потешки видови на кривични дела, како што се тешки кражби и разбојништва. Разликата помеѓу тешка кражба и кражба е секоја материја која што е е со сила или препрека е совладана, тоа е дел од тешката кражба. Разбојништвата се потежок вид на криминалитет, каде што можат да бидат извршени и со опасни орудија, вели изјави во Утрински брифинг д-р Алексеј Сопронов, инспектор во МВР, оддел за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал.

Според проф. д-р Сопронов во последните три години, заклучно со февруари годинава, овој вид на криминалитет е во пораст кај нас како и во другите земји. Криминалците оперираат со се пософитицирана опрема и често се организираат во групи.

-Нема врата која не може да се отвори. Се влегува и преку прозорците. Станува збор за минути. Прашање е за колку време ќе влезат. Сега може добар калауз да се набави и од „Али експрес“, криминалците користат софитицирана опрема. Користат и детектори за метал и на тој начин брзо го пронаоѓаат златото и накитот во становите, вели д-р Сопронов.

Но и МВР, посебно единицата за имотни деликти и насилен криминалет има успех во откривачката дејност при што од 10 кражби, се расветлени 8 до 9.

-Во Единицата за имотни деликти и насилен криминалитет работат исклучиво професионалци, кои што имаат долгогодишно работно искуство и коишто преземаат мерки и активности за откривање, расветлување и докажување на кривичните дела од овој вид на криминалитет. Тие ги истражуваат и модусот операнди на сторителите и вршат проценка за тоа како се извршени кражбите по што полесно се откриваат, додава д-р Сопронов.

Професорот открива дека во последно време на мета на крадците, освен пари, накит и злато се и предмети кои имаат историско значење, артефакти, па МВР има и специјална единица против недозволена продажба на артефакти. Кражбата на возила е намалена во однос на палежите на возила кои зачестија, вели д-р Сопронов кој додава дека МВР многу брзо, во рок од месец дена ги откри сторителите кои пред неколку месеци го запалија возилото на екс градоначалникот Шилегов при што пожарот зафати и уште две други возила на паркингот.

-Извршителите се лица од социјалниот живот кои се на работ на социјала и кои кога одат во затвор го „доусовршуваат“ своето знаење па стануваат дел од поголеми групи, се организираат подобро и така работат. Криминалот нема претензии, не познава етнички, национален предзнак, а основно начело се парите, тие се организираат добро, соработуваат со златари и во рок од 24 може да го претопат златото, вели д-р Сопронов.

Граѓаните може да се заштитат од кражби доколку кога се отсутни од своите домови не постираат фотографии на социјалните мрежи, бидејќи и крадците ги следаат ваквите информации кои наивно се објавуваат претежно на Фејсбук и Инстаграм.

-Единица за имотни деликти и насилен криминалитет превентивно делува преку социјалните мрежи , исто така граѓаните да внимаваат какви слики ставаат на социјалните мрежи. Кражбите може да се спречат и ако се постави видео надзор, што пак на МВР му помага да го открие крадецот дури и кога е маскиран, па затоа препорачуваме видео надзор, регулиран влез, секој вид на заштита која ќе ја преземат граѓаните ќе има ефикасност, вели Сопронов.

Back to top button
Close