(ВИДЕО) Д-р Татјана Гуржанова: Поделеноста и немањето помешање по етничка и религиска основа ги враќаат и генетските болести.

Во оваа епизода на емисијата „КЛИНИКА ЗА СЕ“со Менче Точи, д-р, Татјана Гуржанова гинеколог-акушер, супспецијалист по ИВФ, открива дека енормно езголемена неплодноста кај младите, особено кај машкитеи посочува дека причините не се во наследниот фактор, туку во загадениот воздух, вода и храна.  Од овие причини во Македонија се раѓаат се помалку деца, а наталитетот во последната деценија е намален за 30 одсто.

Според д-р. Гуржарова, истите причини ја предизвикуваат и предвремената менопауза кај 20 годишни девојки, нешто што порано не се случувало. Поради порастот на стерилитетот, појавата на онколошки болести, но и одложување на мајчинството најчесто од финансиски причини, д-р. Гуржарова препорачува да се замрзнуваат јајце клетки за да можат да си ги употребат кога ќе сакаат. Зборувавме и за можните злоупотреби со јајце клетки и какви последици може да доведат во мала држава како нашата. За сурогат мајчинството, за либералните закони во таа смисла, но и за неможноста мажи да станат самохрани татковци по пат на сурогат мајчинство. За предрасудите, превенцијата, за нивото на едукација, говори Деспина Петровска од здружението“До бебе по пат на ИВФ“

Загрижувачки е што за неколку генерации може да исчезнеме како народи или да се вратат генетските болести и тоа се поради фактот што живееме изолирано едни од други, поделени поради верска или етничка природа. Генерации наназад биолошки се уништувале и не ги мешале гените, посочува д-р. Гуржанова.. За овие и за многу други интересни сознанија за кои и не се зборувало јавно, повеќе во “КЛИНИКА ЗА СЕ“со Менче Точи.

 

Back to top button
Close