Видео: Да си посетите психијатар одговори Заев на провокацијата на членот на Левица

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ја предводеше владината делегација и заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци свежо цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“, во рамките на програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод јубилејот 80 години од овој настан.

На настанот му фрли дамка присуството на активисти на Левица кои стоеја пред платото во комплексот и им дофрлуваа на делегациите.

Додека Заев го положуваше цвеќето еден од активистите кои стоеја позади премиерот дофрли дека „Ова не е ваша тертиторија“на што Заев одговара: Да си посетите психијатар!

 

Видеото е на линкот на тв 24.

https://www.facebook.com/watch/?v=4597260357007208

Back to top button
Close