Видео; Даинов- Ако утре се дигне ветото,овде ке има проруски бунт,отруена е средината

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека бугарскиот премиер, бугарската влада прават се што можно да ги покрене работите, но ги стопираат две партии пд коалицијата – Има таков народ и БСП – поранешната комунистичка партија.

Нема лесно и брзо решение бидејќи средината е отруена и јас навистина стравувам дека ако утре се подигне ветото овде ќе има проруски бунт. Подготвени се, има списоци на луѓе за затворање и т,н. Тоа не е лесно, како политичко решение нема да биде брзо, но има излез и тоа е да се разбере нешто многу важно, да се објасни нешто што не е многу тешко да се објасни. Политиката е разговор за иднината. Одлуките во политиката се насочени кон иднината. Целта на политиката е иднината. Разговорите за историјата е разговор за минатото. Тоа се 2 различни разговори. Разговорот за историјата не може да роди политика, активности за иднината. Треба да се поделат. Да нема ништо заедничко разговорот за историјата со разговорот за заедничката политичка иднина на Бугарија со Северна Македонија во Европската унија“, вели Даинов

Тој додава дека секој кој мисли дека друга држава може да му ја украде неговата историја и неговиот идентитет, тој човек веќе нема идентитет.

Овој човек е дупка, празен простор. Тој е вакум. Кога имаш самодоверба знаеш кој си, никој не може да ти украде ниту историја, ниту идентитет, но бидејќи Бугарите се втерани во оваа хистерија и се чувствуваат слаби, без идентитет и си замислуваат дека некој може да им ја украде историјата. Тоа не може да се случи. Сите историски спорови се за минатото, не се за мене овде и сега и не се за мене во иднината. Тоа треба да се каже и од двете земји, бидејќи Европа не разбира, ЕУ не сака да го разбере точно тоа, како разговор за минатото, за историјата се наоѓа во основа за разговор за политиката, што е разговор за иднината. Оваа врска треба да биде прекината од Бугарија. Бугарија  ја направи оваа врска и Бугарија треба да ја прекине“, посочи Даинов.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close