ВИДЕО: Десетина пензионери со знамето на Вергина и крст во рацете му се заблагодарија на премиерот за линерните две илјадарки
Со христијански крст и знамето со сонцето од Кутлеш, тие денеска во Штип на прес конференција изразија задоволство што Владата ги послушала нивните барања, откако премиерот синоќа најави дека се прави анализа за линеарно зголемување на пензиите од 1.000 денари наесен и исто толку наредната пролет и додаде дека одлуката ќе биде набргу донесена. Запрашани дали им се доволни овие 2000 денари, тие велат – вакво нешто досега немало.
Иако економските експерти и меѓународните институции постојано предупредуваат дека линеарните зголемувања на пензиите без основа можат да ја продлабочат дупката во пензискиот фонд, по доаѓањето на власт лани, новата Влада ги зголеми линеарно пензиите за 5000 денари, на два пати по две ипол во септември и мартвакво нешто досега ниедна влада не направила за пензионерите. По 5 илјадарките сега пак 2 илјадарки линеарно за сите по 1 илјадарка во септември и друга во април догодина изјави еден од групата пензионери славеници. Со звездата од Кутлеш на знамето со кое мафтаа викаа дека слават и му благодарат на премиерот. Мицковски вчера во интервју за тв канал 5 кажа дека сепак правеле напор да им го исполнат барањето на пензионерите за уште едно линеарно покачување односно на секој пензионр 1 илјадарка пред избори во септември и друга илјадарка догодина во април,.