ВИДЕО Девојка се снима на ТикТок како во ЗОО Скопје ги малтретира животните

Девојка се снимала на ТикТок како се прекачува преку ограда кај животните во Зоолошката во Скопје и ги малтретира.

 

– За жал оваа девојка дошла во Зоо Скопје да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите . Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено. Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна, велат од ЗОО Скопје.

Од таму потенцираат дека девојката јавно на својот ТикТок го објавила видеото во кое се гледа како покрај тоа што ги малтретира животните, го ризикува и сопствениот живот, додавајќи дека е недозволиво вакво однесување, особено на студент по безбедност.

Back to top button
Close