(ВИДЕО) Димитров: Не се повлеков сам, не се согласував како се водат преговорите со Бугарија

Договорот од Преспа со Грција е историски успех на кој сум посебно горд бидејќи тој ни ги отвори вратите на НАТО. Сликата за нас во светот е светлина на надеж на Балканот, кажа денеска вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола Димитров.

Поранешниот Министер за надворешни работи и сегашен потпретседател на Владата задолжен за европски прашања, на својата последна прес конференција пред и официјално да биде сменет за време на викендот објави дека тој не си заминува по своја желба.
„Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговрност и сметам дека позициите што ги застапував во преговорите со Бугарија се исправни и треба да се одржат. Имав сериозна битка внатре особено во последната година и на дефинирањето на националните позиции, значи за самата суштина на маката ама и за стратегијата односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна, разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните наврати. Во два наврати таа битка кулминираше, за што јавноста не знае, еднаш во Брисел и еднаш во Скопје, јасно кажав дека преку поставените граници нема да дозволам да се помине по каква било цена а најмалку по цена на мојата позиција во Владата, давајќи до знаење дека со мене внатре за некои работи едноставно нема разговор“ – изјави Димитров.
Тој во своето обраќање рече дека му биле понудени амбасадорски места меѓу кои она во Вашингтон или како што рече, самиот да одбере каде сака да биде амбасадор но тој вели дека за да се бори за Македонија мора да е дома и да биде активен поради што не прифатил амбасадорско место.

 

 

Back to top button
Close