(Видео) Директор на училиште во Турција турна аутистично дете по скали


Во турскиот град Маниса директор на училиште турнал аутистично дете по скалите. Инцидентот се случил во населбата Тургутлу во Маниса, а директорот на училиштето кој го турнал аутистичниот ученик е уапсен.

Канцеларијата на главниот обвинител на Тургутлу започна истрага за инцидентот во кој ученик од петто одделение, аутистичното момче Б. У. У. (13), бил турнат од директорот на училиштето Б.Г. и паднал по скалите.

Снимките од безбедносните камери од училиштето се приложени како доказ во случајот.

Канцеларијата на гувернерот на округот Тургутлу објави дека директорот на училиштето е отпуштен од функцијата по инцидентот.

Back to top button
Close