ВИДЕО: Директорката на „Козле“ негира дека тоа што сопругот е колега на Мицкоски имало врска со нејзиното именување
Продолжува „бунтот“ на ЈЗУ Клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Директорката на Клиниката доктор Каролина Симоновска ја нема поддршката од барем 30 лекари од стручниот колегиум за да остане на функцијата. Вработените наведуваат сериозни проблеми во функционирањето на Клиниката, како распаѓање на одделот за бронхоскопија каде на најмалите од дишните патишта им се вади залетнат предмет, пишува Слободен печат.
Симоновска денеска беше викната во кабинетот на министерот за здравство Арбен Таравари. Дојде поради тоа што триесетина доктори се потпишале на петиција во која бараат нејзино разрешување а во спротивно велат дека ќе ја бојкотираат работата, ќе штрајкуваат и нема да работат. Шест луѓе од бронхоскопсиот тим, самите на Симоновска ѝ напишаа допис дека бараат да бидат изземени од работата во тимот зашто не се способни самостојно да ја работат методата, но Симоновска денеска за нив постави контра-прашање:
Треба да ги прашате зошто досега биле во тој тим, заради финансиски средства?, рече таа.
Симоновска вели дека не биле 30, туку само 6 лекари потписници на петицијата, кои според неа се политички мотивирани и не можат да прифатат дека некој што не е од нивната партија станал директор. Од Таравари барал да ја види листата на потпишани доктори што се противат на нејзиното директорување, но Таравари не ѝ ја дал. Додава дека првпат во „Козле“ дури кога таа станала директорка, во амбулантите децата се прегледувани од специјалисти, а не од специјализанти. Во зградата на Министерството за здравство таа денеска дојде со триесетина луѓе, од кои неколкумина беа лекари, а останатите медицински сестри или вработени во немедицинските служби како обезбедување или перална во болницата. Тие беа таму за да ѝ изразат поддршка на Симоновска, која од другата страна има група на лекари специјалисти што велат дека под нејзино раководење „Козле“ функционира лошо.
Таравари денеска не откри дали ќе ја разреши Симоновска, а таа пред медиумите рече дека има поддршка од две третини од вработените на „Козле“.
-На средбата кај Таравари приложивме факти и докази за сите обвинувања кои од првиот ден на моето назначување постојано по медиуми пласираат лаги, не само за мене туку за целиот здравствен персонал во болницата. Тоа се шест личности, не сакам да ги кажам со име, кои од политички причини и за сопствени цели сакаат да ја оцрнат мојата работа во мојата клиника која ја сметам за мое семејство. Во таа клиника сум над 20 години и сите знаат како се ангажирам за децата и вработените и им помагам со години, рече Симоновска.
…