(ВИДЕО) Доналд Трамп му забранува четири работи на својот 4-годишен син

Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател, е мистерија. Тој избегнува да се појавува во јавноста, ретко има фотографии од него и не може да се дознае ништо за неговиот живот.

Но, на интернет се појави старо видео од Барон кога имал четири години и кое открива за родителскиот стил на Меланија и Доналд.

Оваа ретка снимка од семејството Трамп беше дел од интервјуто емитувано во старата емисија на Лари Кинг на Си-Ен-Ен. Во видеото Трамп му упатува предупредувања на синот, покажувајќи го неговиот строг и отсечен родителски стил.

Фото: Гети

Тогаш Трамп, познат како водител на емисијата Шегрт, ги искажал своите очекувања пред синот да стаса до предучилишна возраст. „Ги сакам сите петки“, вели Трамп во видеото.

„И кога ќе пораснеш, без дрога. Без алкохол. Без цигари. А знаеш што друго? Без тетоважи. Никогаш не сакам да видам тетоважи на тебе“.

Покрај Барон, Доналд Трамп има уште четири деца од претходните бракови: Од бракот со покојната Иванка Трамп, тој ги има Доналд Џуниор (1977), ќерката Иванка (1981) синот Ерик (1984)

Со поранешната сопруга Марла Мејпелс ја има ќерката Тифани, родена во октомври 1993 година.

Back to top button
Close