Видео: Дончиќ ќе се степаше во пријателскиот натпревар против Германија

На пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Германија кој се одигра вчерва во втората четвртина видовме тензична ситуација  кога дојде до вербален конфликт меѓу Лука Дончиќ и Исак Бонга.

По еден остар прекршок од страна на Бонга, Германецот реагираше бурно, што не му се допадна на Дончиќ. Словенечкиот ас веднаш возврати со остри зборови, подготвен да се соочи со противникот.

Сепак, инцидентот не прерасна во посериозна пресметка, благодарение на навремената реакција на судиите и останатите кошаркари, кои брзо ја смирија тензијата на паркетот.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close