(ВИДЕО) Донфрид: Премногу се одолговлекува одржувањето на меѓувладината конференција со ЕУ, С Македонија исполни тешки задачи

Веќе премногу се одолговлекува одржувањето на меѓувладината конференција на С Македонија и Албанија со ЕУ, вие исполнивте тешки задачи и реформи и заслужувате брзо да напредувате. САД изразуваат пофалби за С Македонија за континуираните напори во постигнувањето на евроатлантската иднина и силно ги поддржуваме вашите аспирации и сакаме што побрзо да се одржи оваа конференција со С Македонија и Албанија.

Оваа порака од Вашингтон денеска во Скопје ја пренесе помошничката на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Катрин Донфрид, која е во посета на земјава, на средби со највисоките државни претставници.

 

На прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, Донфрид се заблагодари и за придонесот на С Македонија во НАТО, посебно во актуелната ситуација со воената агресија на Русија во Украина, но и за сите досегашни активности.

Оваа порака од Вашингтон денеска во Скопје ја пренесе помошничката на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Катрин Донфрид, која е во посета на земјава, на средби со највисоките државни претставници.

 

На прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, Донфрид се заблагодари и за придонесот на С Македонија во НАТО, посебно во актуелната ситуација со воената агресија на Русија во Украина, но и за сите досегашни активности.

 

„Благодарност од САД за вашето храбро лидерство и пријателство. Како една од најмладите НАТО-сојузници, вие сте бранители на демократијата и владеење на правото. Застанавте заедно со другите меѓународни партнери во поддршка на украинскиот народ и нивното право да ја одредат својата иднина. Вие знаете колку е важна слободата и повеќе пати сте докажале дека сте стабилен партнер и земја која придонесува кон регионална стабилност и безбедност -рече Донфрид.

Таа повтори дека местото на С Македонија е во ЕУ, истакнувајќи дека со тоа ќе се придонесе за поголема стабилност на Балканот и поголем просперитет во Европа.

„Ова е време на предизвици и можности, а С Македонија покажа дека е способна да застане во одбрана на овие права и заедно со други земји кои се стремат кон овие вредности ќе станете лидери и со свој пример ќе помагате да се изградат поинклузивни општества и во борбата против корупцијата. Треба да се одржи темпото на реформи, но С Македонија покажа дека може да се справи со предизвикот“рече високата американска претставничка.

Донфрид потенцира дека САД очекуваат продолжување на активностите со С Македонија и глобално, но и меѓу владите за безбедносни, енергетски прашања и споделување на информации.

Таа најави дека на 2 јуни во Вашингтон ќе се одржи стратегиски дијалог меѓу претставници на владите на двете земји.

И Османи предупреди дека отсуството на напредок во евроинтегративниот процес ќе има сериозни последици за нашата држава и за земјите од Западен Балкан, но отвора, како што напомена, и простор за штетни влијанија од трети земји поради што „забрзување на евроинтегративните процеси е значаен геополитички интерес и за нашите партнери“.

Според него, процесите на проширување на ЕУ претставуваат и безбедносна политика и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за регионалната и европската безбедност и стабилност. Никој од нас, потенцира Османи, нема време за губење.

Северна Македонија е европска земја и лојален партнер со значителен напредок во реформските процеси. Иако сè уште земја кандидат, РСМ во целост или стопроцентно е усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и воедно со сите рестриктивни мерки што произлегуваат од воената агресија на Русија врз Украина. Цениме дека сега е вистинско време за ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство. Тоа ќе претставува големо охрабрување и за другите земји од Западен Балкан. Ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирувањето во регионот. Иако стабилен, регионот е обременет со многубројни прашања кои создаваат простор за диригирана нестабилност засилена со надворешни влијанија од центри на моќ во чиј интерес не е стабилноста и просперитетот на регионот -нагласи Османи.

 

 

Back to top button
Close