(ВИДЕО) Дурмиши го впери прстот во другите институции, не гледа одговорност кај себе за пожарот

Министерот за економија Дурмиши не гледа одговорност кај себе за да даде оставка, за тоа што дискотеката „Пулс“ во Кочани немала лиценца за работа и работела со неисполнети минимални услови за работа и во време кога тој е министер.

Министерството за економија, според него, нема законска надлежност ниту располага со механизми за проверка на валидноста на лиценците, тие надлежности ги имаат други институции.

„Нема некој кој не чувствува морална одговорност за настанот, но она што се случи во Кочани е алармантен сигнал за распаднат систем во кој е длабоко вкоренета корупцијата. Се постапува по лиценцата на кабарето „Пулс“. Министерството не е надлежно за проверка дали лиценцата е со важност или не. Нема надлежност, ниту некаков механизам за проверка. Во Министерството само се води политика. Одговорноста е кај институциите кои се надлежни за вршење надзор и контрола на работата на угостителските објекти. Ние не се мешаме онаму каде што не сме надлежни – рече Дурмиши на денешната прес конференција.

На прашањето дали смета дека ексминистерот Бектеши е виновен за трагедијата во Кочани, Дурмиши одговори дека тој не е надлежен за давање мислење за тоа дали Бектеши се огрешил пред законот

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close