ВИДЕО | Дувњак: Настрада имиџот на Тупанчевски, очекувам некој функционер кога ќе згреши да се извини

Оваа недела во завршна фаза се неколку судски пресуди. Миле Јанакиевски доби нова затворска казна за случајот „Топлик“, а денеска се очекува пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“.

-Многу пресуди сметам дека и предолго траат со оглед дека се првостепени и дел од нив до сега требаше да имаат и завршница. Неделава во завршна фаза се и „Плацевите на Водно“, така што во пролет се се буди па најверојатно и судството, коментира Гордана Дувњак за актуелните судски случаи кои бавно се окончуваат.

Таа се осврна и на случајот со министерот за правда Никола Тупанчевски кој патуваше и присуствуваше на фудбалскиот натпревар во Палермо, на сметка на ФФМ, а потоа неколку пати ја смени изјавата за случајот за кој беше повикан во јавноста

Целиот случај со Тупанчевски е важен, јас сум разочарана што се утврди дека има повреди на етичкиот кодекс, јас очекував тој да излезе и веднаш да ја каже вистината, но тежината е уште поголема што тоа доаѓа од професор по кривично право и со своите различни изјави дозволи да се коментираат и да се формираат различни ставови. Ние и во минатото имавме случаи кога обинители ги немаше со денови зошто поддржуваа спортски натпревари. Мислам дека треба да се стави крај на ваквите случаи, а јавноста е многу иритирана. Јас не велам дека ова е некој голем пропуст, но е пропуст. Мора да ги менуваме навиките и затоа велам дека јас очекувам барем некој функционер доколку згреши да се извини. Повеќе сум јас опомената за Тупанчевски да е опомена и за останатите функционери да размислат што може тоа да ги чини, бидејќи во текот на своето функционирање може да добијат и поголеми коруптивни понуди, нагласи Дувњак во гостувањето во Утрински брифинг.

Случајот секако спаѓа во доменот на корупција, против која Владата со години се залага дека се бори да ја искорени.

-Да не заборавиме дека и Владата и опозицијата постојано одат со слоганот нулта корупција и ако е така мора да бидат внимателни ова повеќе да не се случува, бидејќи тука не смееме да ја заборавиме крупната корупција, тендерите во четири очи со само еден понудувач. Ако ова е време на економска криза кога се стега ременот треба сите да покажуваме одговорност, а не само граѓаните. Ние не можеме да се шокирама од барањата на јавноста за отчетност туку функционерите мора да бидат отчетни, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус Гордана Дувњак.

-Во целиот случај настрада имицот на Тупанчевски и очекувам ако не можам јас, барем моите деца да бидат сведоци кога некој функционер ќе згреши и да се извини. Не велам дека треба да го „бесиме“ Тупанчевски и судијата Нанев, но треба да бидат многу внимателни, рече Дувњак која се осврна и на моделот на избор на судии и обвинители во земјава и недостатокот на политичка култура.

 

Back to top button
Close