Видео: Едно лице е повредено во судир на три возила на патот Охрид – Кичево

Три возила се судрија вечерва кај Горенци на регионалниот пат Охрид – Кичево, а едно лице е повредено. Сообраќајот поради несреќата се регулираше наизменично.

Дека едно лице е повредено за Охрид њуз потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. На местото на несреќата е извршен полициски увид, како и од страна на обвинител. Порталот објави и кусо видео од местото на собраќајната незгода.

 

Back to top button
Close