(ВИДЕО): Експлодираше една од лимузините на Путин

Една од лимузините на Владимир Путин експлодираше и се запали во Москва, пренесуваат британските медиуми. Путин нареди претрес на канализацијата и зајакнување на обезбедувањето.

Експлозијата се случи северно од седиштето на московската тајна служба ФСБ во Лубјанка.

Патниците не се повредени. Не се открива кој го користел автомобилот, но се претпоставува дека се лица во претседателскиот оддел за управување со имотот на рускиот лидер.

Путин постојано користи автомобили од руско производство, а оваа лимузина беше подарена на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун.

Back to top button
Close